Со транспаренти испишани со пораки, бројни демонстранти излегоа на улиците во Њујорк и се упатија кон Тамјс Сквер каде го искажаа револтот за континуираната воена офанзива на Израел која продолжува во Газа и покрај тоа што бројни земји ширум светот ја признаа Палестина како држава.
Некои од луѓето носеа големи знаци, додека други скандираа на мегафони. Во Обединетите нации, пртходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата нација „мора да ја заврши работата“ против Хамас во Газа, држејќи пркосен говор и покрај растечката меѓународна изолација поради неговото одбивање да ја заврши разорната војна.
Денес кога Нетанјаху го започна говорот на Генералното собрание на Обединетите нации десетици делегати ја напуштија салата во знак на протест.
