Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се обраќа на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Додека тој се упатуваше кон говорницата, повеќе десетици делегати станаа од своите места и ја напуштија салата во знак на протест, проследени со аплауз од дел од останатите делегати.
Од кабинетот на израелскиот премиер, соопштија дека говорот на Нетанјаху, со звучници поставени на камиони од израелската страна на границата со Газа, ќе биде пренесуван и на оваа палестинска територија.
Очекувањата се дека во своето обраќање, Нетанјаху ќе ги осуди лидерите на земјите кои ја признаа палестинската држава неодамна, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Франција, Португалија, Канада, Австралија и други.



