Додека Естонија гради противтенковски ровови и бункери долж границата со Русија, нејзините власти предупредуваат дека вистинската и итна закана не доаѓа од тенкови – туку од дронови. Балтичките земји на источната граница на НАТО сè повеќе се соочуваат со последиците од војната во Украина, особено преку инциденти со руски беспилотни летала. По неодамнешната инвазија на околу 20 руски дронови во полскиот воздушен простор, слабостите во воздушната одбрана на НАТО дојдоа во преден план. Мултимилионски воени авиони беа подигнати за да пресретнат дронови вредни само неколку илјади долари, од кои неколку паднаа во полски села без да бидат откриени. Министрите за одбрана од источниот блок на ЕУ ќе се состанат во петок за да разговараат за формирање „ѕид од дронови“ долж источната граница на Унијата. Но, естонскиот министер за одбрана Хано Певкур предупредува дека справувањето со дроновите е далеку посложено од традиционалната ракетна одбрана.
Балтички функционери: Европа итно мора да се справи со руските дронови
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
