Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16°C, а максимумот од 25 до 30°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 20.0, Преспанско Езеро 18.5, Дојранско Езеро 22.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
