Во текот на ноќта, во Појасот Газа беа забележани неколку експлозии додека израелските сили ја продолжуваат офанзивата во енклавата. Во нападите загинаа најмалку 16 лица, соопштија здравствените власти во енклавата. Ситуацијата во најголемиот град во Газа е катастрофална по речиси двегодишната војна и борбата со глад.Стотици илјади жители останаа заробени во урнатините, додека демонстранти облечени во бело со крв на облеката, симболизирајќи ги заложниците убиени во конфликтот, се собраа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим. Тие носеа транспарент со натпис „Ова е Спарта“, во алузија на Нетанјаху кој претходно ги нарече демонстрантите „супер Спарта“. Меѓу демонстрантите беше и Мишел Илуз, татко на заложникот Гај Илуз. Тој легна на земја во знак на протест и изјави дека нема да направи компромис сè додека телото на неговиот син не биде вратено во Израел за погреб.
Протести пред резиденцијата на Нетанјаху
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
