Вести Свет

Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк?

Осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк би можел да се соочи со најстрогата казна – егзекуција, изјави државниот обвинител Пам Бонди во интервју за Фокс њуз.

-Прерано е да се каже од правна гледна точка, но како што нагласи гувернерот, тие ќе бараат смртна казна, што е многу реално во Јута. Сè уште постои можност за стрелачки вод, рече Бонди.

Таа најави дека формалните обвиненија ќе бидат поднесени денеска или подоцна оваа недела.

Претходно, гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, ја потврди намерата на државата да бара смртна казна за сторителот на убиството. Тој исто така додаде дека истражителите веруваат дека убиецот на Кирк дејствувал сам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе