Макаденската академија на науките и уметностите за првпат е домаќин на 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа ( AIESEE ) кој се одржува од 15 до 19 септември.
Седиштето на оваа асоцијација се наоѓа во Париз и функционира под покровителство на УНЕСКО. Темата на годинашниот конгрес е: Комуникација и размена, Југоисточна Европа во рамките на глобалните социјални, политички и културни процеси.
„Во денешно време, во контекст на комплексна и тешка интернационална ситуација во Европа не е помалку важно за нас научниците во областа на хуманистичките науки да покажеме дека веќе сме едно семејство, што значи да продолжиме да ја браниме имплементацијата на универзалните критериуми во академските истражувања, да се држиме до историските факти и објективна интерпретација на настаните и процесите“, рече Александар Костов, претседател на AIESEE.
„Ќе ја истакнеме интеракцијата помеѓу нациите, заедниците, луѓето и различните контексти објаснувајќи ги нашите идеи, погледи и нашите ставови за минатото и иднината. Се надевам дека овој конгрес во исто време ќе поттикне научна интеракција и соработки и ќе понуди на учесниците платформа за размена на идеи, откривајќи нови можности, стекнувајќи нови пријатели, проширувајќи го нивното знаење“, изјави акад. Драги Ѓоргиев, претседател на Македонскиот национален комитет на AIESEE, при МАНУ.
