Вести Култура Магазин Топ вести

Петнаесетгодишниот Овен Купер е најмладиот машки добитник на „Еми“ наградата за неговата улога во „Адолесценцијата“

Петнаесетгодишниот британски актер Овен Купер, стана најмладиот машки добитник на наградата Еми, за неговата улога во мини-серијата на Нетфликс, „Адолесценција“.

„Пред три години не бев ништо – сега сум тука… Излезете малку од вашата зона на удобност, кого го интересира ако се засрамите?“ рече тој додека ја примаше наградата.

Овен Купер е роден на 5 декември 2009 година во Ворингтон, англиски град сместен помеѓу Ливерпул и Манчестер. Тој пораснал во семејство од работничката класа: неговиот татко Енди работи во ИТ секторот, додека неговата мајка Норин е негувателка. Тој има двајца постари браќа, Оли и Конор, кои се електричари.

 Драмата „Адолесценција“ доминираше на церемонијата во Лос Анџелес освојувајќи шест трофеи.

Во истовреме, комичната серија на Сет Роген „Студиото“ освои четири награди. „Со право сум засрамен од тоа колку ме прави ова среќен“, рече Роган.

„Пит“, исто така, ги победи мегахитовите како „Северанс“ и „Белиот лотос“ за да ја освои наградата за најдобра драма – но „Северанс“ не си замина со празни раце, освојувајќи две големи награди.

Како што објавува Би-Би-Си невообичаено, церемонијата се одржа на време, бидејќи водителот Нејт Баргаце рече дека донацијата од 100.000 долари која ќе оди во добротворни цели ќе се намалува за секој говор подолг од 45 секунди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе