Вести Свет

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон

Национална вонредна состојба би можел да прогласи претседателот на САД, Доналд Трамп и да воведе федерална контрола врз главниот град Вашингтон, откако градоначалничката на градот, Муриел Баузер, изјави дека локалната полиција нема да соработува со Службата за имиграција и царина.

Проблемот е поврзан со давањето информации за луѓето што живеат или влегуваат нелегално во Соединетите Држави.

Одлуката на претседателот беше објавена откако неколку илјади демонстранти излегоа на улиците овој месец во врска со распоредувањето на единици на Националната гарда во главниот град од страна на Трамп во август за „враќање на законот, редот и јавната безбедност“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе