Вести Свет Топ вести

Руски дрон забележан и над Романија

Руско беспилотно летало било забележано и на небото на Романија, соопшти Министерството за одбрана во Букурешт. За само една недела, намерно или не намерно Русија го наруши воздушниот простор на две НАТО членки во Европа, предизвикувајќи загриженост, но и гнев кај сојузниците во Алијансата.

Беспилотното летало учествувало во напад врз цивилна инфраструктура во Украина, во непосредна близина на романската граница. Откако биле активирани два романски Ф-16 ловци за да го следат, тоа се вратило над Украина каде било соборено од страна на украински авиони.

Околу 6 часот наутро, ние жителите на Периправа видовме дрон кон доаѓаше од страната на Украина и беше пресретнат од украинските сили и експлодира во воздух. Ја слушнавме експлозијата, но никој во Периправа не слушна никаква бучава од дронот, како што беше случај изминативе три години. Не го слушнавме како доаѓа, како да се појави од ништо. Единствено што видовме беше дрон на небото кој не правеше никаков звук, многу мал дрон. Беше пресретнат од украинските сили и уништен во воздух, изјави очевидец.

Денешниот инцидент доаѓа само два ден откако НАТО најави нова мисија во Источна Европа, осмислена токму да им се спротивстави на ваквите руски провокации, кои ја зголемуваат нервозата кај цивилното население во соседните земји на Украина.

Со толку многу руски проектили кои ја преминуваат границата, само прашање на време е кога една од овие ракети, или дронови ќе падне врз супермаркет во Естонија или Романија, или врз станбена зграда, потенцијално убивајќи десетици и десетици лица, што очигледно ќе испровоцира уште посериозен инцидент, предупредува професорот на Универзитето во Ексетер Џејми Шеј.

Експертите сметаат дека Русија станува се похрабра во провокациите, особено со промената во надворешната политика на САД по доаѓањето на администрацијата на Доналд Трамп.

Поради вежбата Запад, неодамнешните руски закани кон Финска, особено од поранешниот претседател Медведев, нарушувањата на воздушниот простор на НАТО, сечењето на каблите, ГПС-от, сето ова е дел од една слика за Русија која официјално не сака да почне војна во НАТО, но се повеќе и повеќе е подготвена да го тестира, смета професорот Шеј.

Украинскиот претседател го повтори неговото тврдење дека Русија нема да запре само со Украина и уште еднаш ги повика западните земји да воведат построги санкции за Москва.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој веќе со месеци се обидува да посредува за мировен договор, го осуди нарушувањето на воздушниот простор, но им порача на европските земји дека е подготвен да воведе строги санкции за Русија кога тие ќе исполнат одредени услови, меѓу кои и да престанат да купуваат руска нафта.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе