Uncategorized Вести Економија

Дел од трговците не го почитват законот за нефер трговија, ќе има повисоки казни

Дел од трговците не го почитуваат Законот за нефер трговија, тврди заменик министерот за економија. Поради тоа од идната година ќе се воведат нови повисоки казни. Тој побара од сите оние кои ќе забележат злоупотреби односно ако од некој биде побарано да даде повисок рабат од оној кој е пропишан со законот, да пријави.

Сакам да ги охрабрам сите производители сите оние кои имаат некакви договори со трговците на мало и на големо кои не го почитуваат законот за нефер трговски практики, фактички да го пријават тоа во КЗК бидејќи со самото ќутење и пролонгирање на проблемот не само што си прават контра услуга на себе туку и контра услуга на граѓаните им прават, вели заменик министерот за економија Марјан Ристески

За манипулациите со законот секакви информации добивал и првиот човек на најголемата комора во земјава Азески, кој смета дека по шест месеци од функционирањето на некој закон треба да се прави анализа за да се види како се спроведува.

Стигаат до мене секакви информации дури и претат и така натаму. Имаме и такви ситуации во кој што тие ќе речат ние сме трговци ние сме најпаметни ние ќе ја свртиме работата во наш интерес. Меѓутоа мојата улога е да балансирам меѓу нив особено во такви ситуации, изјави претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. 

За Азески последниот податок за инфлацијата ја отсликува реалната состојба и наместо со административни мерки, треба да се делува со активирање на стоковите резерви. За оваа институција веќе извесен период тој бара да се види што се случува таму и во каква состојба се наоѓа.

Последно статистика објави дека инфлацијата во август годинава во однос на август лани е 4, 4 отсто. Минатиот месец храната и пијалаците поскапеле за 6, 2 отсто. Дел од експертите сметаат дека  како и претходно така и во август, цените на храната транспортот услугите се оние кои ја движат инфлацијата.

Инаку,  Законот за нефер трговија почна да функционира пред повеќе од една година и се очекуваше дека ќе стави ред на проблемите со цените кои се провлекуваат веќе подолг период.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе