Вести Економија

АЛТА Банка доби дозвола за преземање на Стопанска банка Битола, ТТК Банка ќе издаде нова емисија обврзници

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија (КХВ) на 65-тата седница, одржана на 10 септември 2025 година, донесе важни одлуки поврзани со пазарот на капитал.

Седницата ја водеше претседателката на КХВ, м-р Бујаре Абази.

Комисијата издаде дозвола на „АЛТА Банка“ АД Белград, Република Србија, за давање понуда за преземање на „Стопанска банка“ АД Битола. Понудата се однесува на 371.538 обични акции со право на глас, по цена од 3.777 денари по акција.

Заедно со 19.439 акции кои веќе се во сопственост на преземачот и лицата што дејствуваат заеднички со него, се покриваат 100% од акционерскиот капитал на банката. Понудата ќе се смета за успешна доколку најмалку 273.795 акции (70,03%) бидат прифатени, со што преземачот ќе поседува контрола од 75% плус една акција.

Дополнително, КХВ му издаде одобрение на „ТТК Банка“ АД Скопје да ја издаде третата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност по пат на приватна понуда. Во понудата се вклучени 1.000 корпоративни обврзници, со номинална вредност од 1.000 евра по обврзница, што ја прави вкупната вредност на емисијата 1.000.000 евра.

Рокот на доспевање е шест години, со исплата на главницата на крајот на периодот. Каматната стапка е фиксна, од 5% годишно, пресметана еднаш годишно во денарска противвредност.

Купувачи се 14 физички и едно правно лице од Македонија, а првата исплата на каматата ќе се врши по 12 месеци од денот на приемот на средствата.

На седницата, КХВ го усвои и Правилникот за видовите високоликвидни финансиски инструменти во кои овластениот депозитар може да ги вложува своите средства, со цел подобро управување со ликвидноста и ризиците во работењето на институциите на пазарот на хартии од вредност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе