Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во југозападниот брег на островот Евија во Грција, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот што се случил 27 минути по полноќ по локално време, бил на 37 километри североисточно од Атина и на 14 километри од градот Неа Макри, а на длабочина од 10 километри.
Според пишувањата на грчките медиуми, засега не се пријавени повредени и материјални штети.
По овој земјотрес, во околината на градот Неа Стира, биле регистрирани уште неколку потреси чиј интензитет бил до 2,8 степени.
