Ниту актуелниот премиер Христијан Мицкоски во време кога бил во опозиција ниту тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ниту поранешната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска биле директно таргети на операции на АНБ или за нив биле отварани предмети, тврди поранешниот директор на тајната служба Виктор Димовски откако актуелното раководство на Агенцијата обвини за злоупотреби и следење на политичари, новинари и јавни личности. Димовски во интервју за 360 степени вели дека е можно да биле опфатени во предмети доколку се среќавале со оние кои биле под опсервација поради закани за националната безбедност.
-Друго е прашањето дали во рамките на тие преземени оперативни дејствија, некој од постојните политичари било да се од власта или од опозицијата, контактирале со такви лица. Доколку се случиле такви контакти, обврска на опративците било тие контакти да ги нитираат. Но ке повторам, тоа не значи дека се работи за организирано опративно работење. Кое што подрабира целосно следење, кое што подразбира примена на опаративно технички мерки како што во дадениов случај имаше обвинување, изјави Димовски, поранешен директор на АНБ.
Димовски не одговори директно дали има конкретни предмети со имињата на политичарите, само посочи дека не се сеќава и смета дека немало постапка на АНБ за случајот Делчевски ниви.
Тој бара декласификација на спорните документи за да се утврди што точно се случувало и на кој начин јавните личности завршиле во оперативни активности на агенцијата. Димовски посочи и дека за разлика од актуелните изјави дека АНБ водела истраги и открила злоупотреби, Агенцијата нема надлежност да води истраги туку да го известува обвинителството за свои откритија.
Од друга страна, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пак вели дека „Секој треба да води истрага во рамки на својата служба, како што е во конкретниот случај внатрешната контрола во рамки на АНБ“ и дека агенцијата со известувањето за случајот до обвинителството и јавноста постапила правилно.Обвинителството треба да открие какви злоупотреби имало во АНБ и дали имало прислушување, вели Тошковски кој во интервју за Радио Слободна Европа изрази искрено верување дека сега нема нелегално прислушување.
-Дали во секој систем би можело да постои можност за злоупотреба? Да. Но не верувар дека денеск има злупотреба спротивно на закон да биде слушан било кој новинар, јавен функционер или кој не може да се поврзе со сторување на кривично дело. Искрено не верувам, вели Тошковски за РСЕ.
Според досега објавеното, злоупотребите со незаконско следење се откриени со внатрешна контрола во АНБ. Димовски пак тврди дека, според негови сознанија, новото раководство предводено од Бојан Христовски ги преместило вработените од одделот за внатрешна контрола на други позиции во тајната служба иако законот ги штити освен доколку не го прекршиле законот за што досега нема пријави.
Миомир Серафиновиќ
