Вести Свет

Путин: Странски војници во Украина ќе бидат „легитимна мета“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека секое распоредување на странски војници во Украина пред постигнување на мировен договор ќе се смета за „легитимна мета“ за руските сили.

Изјавата ја даде од Владивосток, само неколку часа откако европски лидери повторно ја потврдија подготвеноста за формирање потенцијална мировна мисија во Украина.

Путин ја отфрли и можноста за мировни сили дури и по постигнување на договор, но додаде дека Москва би се придржувала до мировен договор ако истиот биде постигнат, при што нагласи дека се потребни безбедносни гаранции и за Русија и за Украина.

Изјавата доаѓа по коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера соопшти дека 26 од сојузниците на Украина се подготвени да распоредат трупи како „сили за обезбедување“ по прекин на огнот или мировен договор.

Макрон говореше по состанокот на таканаречената „коалиција на подготвените“, група од 35 земји кои ја поддржуваат Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин повтори и дека Москва е најдоброто место за евентуална средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Следниот пат, ако некој навистина сака да се сретне со нас, ние сме подготвени. Најдоброто место за тоа е главниот град на Руската Федерација, херојскиот град Москва, рече Путин.

Тој потсети дека Киев до неодамна ги исклучуваше можностите за директен контакт со Русија, а сега бара и предлага такви средби.

Нагласи дека Русија е подготвена да гарантира целосна безбедност за Зеленски и претставниците на Киев доколку решат да дојдат во Москва за разговори посветени на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе