Вести Свет Топ вести

На 15 отсто Трамп ги намали царините за јапонски автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи, во однос на стапките што беа воведени во јули годинава, со што обезбеди одредено олеснување за економијата на Јапонија, која е претежно извозно ориентирана, објави Ројтерс.

Формализирањето на договорот меѓу САД и Јапонија доаѓа по неколку месеци преговори. Со него се намалува неизвесноста што го мачи огромниот јапонски автомобилски сектор, а се потврдува и договорот за јапонски инвестиции во американски проекти од 550 милијарди долари.

Новите царини за јапонските автомобили, кои ќе изнесуваат 15 отсто наместо досегашните 27,5 проценти, треба да стапат во сила седум дена откако официјално ќе се објави извршната наредба.

Со оваа наредба се предвидува и дека производите што веќе подлежат на повисоки царини од 15 отсто нема дополнително да се оптоварат, додека оние што се увезувале со пониски царински стапки ќе бидат усогласени. Оваа мерка ќе важи ретроактивно од 7 август.

Трамп, покрај тоа, ветил дека нема да има царини за комерцијални авиони и за делови.

Царините на Трамп го намалија извозот на Јапонија и силно ги погодија јапонските производители на автомобили. Минатиот месец „Тојота“ соопшти дека очекува удар од речиси 10 милијарди долари.

„Конечно“, напиша Рјосеи Аказава, главниот трговски преговарач на Јапонија, на социјалната мрежа „Икс“, во врска со повеќемесечните трговски разговори што предизвикуваа фрустрации во Токио. Вчера беше неговото десетто патување во САД. Пред новинарите во Вашингтон, Аказава рече дека Јапонија ја поздравила извршната наредба како „стабилно спроведување на договорот постигнат на 22 јули“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе