Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и понатаму ќе се залага за мирно решение на конфликтот меѓу Русија и Украина. Во интервју за „Си-Би-Ес“, Трамп рече дека жали за „масакрот“ меѓу двете земји и најави нови дипломатски обиди.
„Мислам дека ќе успееме да ги надминеме сите разлики“, рече тој, додавајќи дека очекувал полесна комуникација со руската страна, но работите се покажале покомплицирани.
Според Белата куќа, Трамп денеска треба да одржи телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Путин изјави дека е подготвен за средба со Зеленски, но само во Москва и со претходна подготовка, што Киев го отфрли.
Трамп истакна дека не се стреми кон Нобелова награда, туку сака „да стави крај на крвопролевањето“.
