Вести Македонија Најважни

Зоран Тодоров е втор независен кандидат за градоначалник на Кочани

Зоран Тодоров,  е втор независен кандидат за градоначалник на Кочани. Тој е економист по професија и граѓански активист. Неговата кандидатура ја соопшти преку статус на социјалната мрежа  „Фејсбук“ во која напиша дека Кочани го гледа не како спомен што избледнува, туку како иднина која, како што додава „мораме заедно да ја изградиме“.

Тодоров, според МИА се споменувал како можен кандидат за градоначалник на една од двете најголеми партии во земјава.

„Вчера ја поднесов независната кандидатура за градоначалник на Кочани. Некој би рекол ракавицата е фрлена, но јас би рекол раката кон сите во Кочани е подадена“ напиша Тодоров.

Зоран Тодоров е роден 1978 г. и е повеќегодишен граѓански активисти и еден од основачите на неколку  организации и здруженија, меѓу кои ротари-клубот „Кочани-Виница“, „Воскресение“ и „Одбор за здрав живот“. Во моментов го раководи Центарот за солидарност ,,Сакам живот во Кочани”, објави државната новинска агенција.

Во Кочани поднесени се и две листи со независни кандидати за членови на идниот совет. Едната од Благица Сабовљевиќ-Стојменова, другата од Аки Акиов, кој е дел од актуелниот Совет на Општина Кочани во заминување.

Претходно, на 28 август, вршителот на должност градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски објави дека на локалните избори во октомври годинава ќе се кандидира како независен кандидат. Крстевски беше избран за в.д. градоначалник на Кочани, откако тогашниот прв човек на општината, Љупчо Папазов си поднесе оставка од функцијата и заврши во притвор како осомничен за трагичниот пожар во  „Пулс“, во кој животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Досега ниту владејачката ВМРО-ДПМНЕ ниту опозицискиот СДСМ не излегоа со свои кандидати за градоначалник на Кочани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе