Вести Култура

Премиера во МНТ за борбата на поединецот за лична реализација

Тегобноста на поединецот на маргините на системот и борбата за слободно да се реализара како индивидуа, е темата на претставата „ Ангели во Америка“, чија премиерна изведба вечерва во Македонскиот народен театар ќе го означи почетокот на новата сезона. Претставата ја постави Филип Петковски, кој е автор на драматизацијата и на преводот на наградениот текст со Пулицерова, Тони и други награди , од истакнатиот современ американски драматичар Тони Кушнер.

  • Животот на заедници кои живеат на маргините е нешто што не е доволно застапено генерално во театар, односно и во драматургијата генерално, па затоа ова е еден , да речеме отскок не само поради тоа, туку и затоа што се работи за маестрален текст, кој што на многу хуманистички начин прикажува многу луѓе и многу заедници кои денес се доста негирани, кажа режисерот Филип Петковски.

Низ повеќеслојно напишаната драма за четворица хомосексуалци и една хетеросексуална жена во 80- тите години на 20 век во САД, кога се појавува Сидата , доаѓаат до израз конфликтите на ликовите со околината и со себе си. А, нивниот трагизам низ перото на Кушнер, е доловен преку повеќе комични мигови.

  • Луис е огледало на сите нас. Колку ги живееме и на кој начин, идеалите во кои ние веруваме, вели актерот Александар Стоименовски за неговиот лик Луис, зад кој се крие авторот Тони Кушнер.
  • Сите луѓе имаат некои работи што ги потиснуваат , без разлика какви се. И како тие работи ти ќе ги доживееш или ликот Џо како ги доживува, кажа актерот Стефан Спасов за неговиот лик Џо Пит.
  • Главната емиција која што јас сакам да ја издвојам кај Харпер , е застоеноста во едно место, болката дека не може да избега од местото каде што се наоѓа . Тоа го вклучува и неверството од страна на нејзиниот сопруг. Исто така и растењето во една конзервативна средина, рече актерката Наталија Теодосиева за нејзиниот лик Харпер.

Во претставата е вклучен и ликот од реалноста- адвокатот Рој Кон , кого го толкува Јордан Симонов. Настапуваат и Илин Јовановски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

За сценoграфското решение, дополнето со ротација и играта на модули , беше задолжен Мартин Манев. Костимите се на Антонија Гугинска- Јорданоска , а кореографијата е на Иван Ангелковски.

Претставата „ Ангели во Америка“ ќе ја има првата реприза утревечер.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе