Апелацискиот суд на САД пресуди дека царините воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп се неважечки и спротивни на законот. Одлуката на судот се заснова на злоупотребата на Законот за вонредни економски овластувања кој е наменет само во ситуации кога се прогласува вонредна состојба, или пак кога државата се наоѓа под национална закана.
„Апелациониот суд ги потврдува тарифите како „неважечки и спротивни на законот“ поради пречекорување на претседателските овластувања според Законот за вонредни економски овластувања. Судот ја поништува универзалната забрана, враќајќи го предметот на повторно разгледување ја на повторна евалуација со соодветен степен на олеснување“ стои во одлуката на Апелација.
Според Трамп одлуката на апелација е погрешна, со неа државата ќе биде уништена, и со тоа ќе се создаде економска катастрофа која тој нема да ја дозволи.
„Денес, еден високо партиски апелационен суд погрешно изјави дека царините треба да се отстранат, но тие знаат дека на крајот САД ќе победи“ напиша Трамп.
Судот ѝ даде рок на американската администрација до средината на октомври да поднесе жалба до Врховниот суд, а доколку и тој ја потврди истата одлука се очекува економски хаос сметаат експертите. Царините воведени од САД остануваат на сила до 13-ти октомври, потоа тие веќе нема да бидат извршни. Претходно и американскиот суд за меѓународна трговија пресуди дека Трамп нема законско овластување да наложи воведување на царини.
Теа Димковска
