Вести Култура

Филм на Вардан Тозија е единствениот долгометражен игран проект поддржан од Агенцијата за филм во првиот рок за одлучување во 2025 година

Третиот долгометражен игран филм на режисерот Вардан Тозија, „ Балада за лонецот и капакот“, е единствениот кој доби поддршка од Агенција за филм во првиот рок на одлучување за оваа година. Како што може да се види од објавените резултати од конкурсот за финансирање проекти, филмот на Тозија, од вкупниот буџет од 578.000 евра, доби околу 308.000 евра или 19 милиони денари.

„Управниот одбор на Агенција за филм на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 25.08.2025 година ги донесе одлуките за прифатени и одбиени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2025 година, во прв рок на одлучување“, велат од Агенцијата за филм.

Во категоријата Краткометражни играни филмови со македонски мнозински удел, поддржани се осум проекти. Најмногу пари, по околу 18.000 евра или 1.100.000 денари добија филмовите „Денот кога музиката стивна“, „Врска“ и „Мислам, затоа сум“ на режисерите Ангела Димеска, Јане Спасиќ и Јехона Ајдини. А, најмалку средства, по околу 13.000 евра или 800.000 денари, добија филмовите „Свршеницата на господин Саркојан“ и „Модерна уметност“,на режисерите Филип Момировски и Муса Исуфи.

Агенцијата за филм поддржа еден краткометражен игран филм со македонски малцински удел. Се работи за проектот „Јеее“ на режисерот Кирил Тодоров. Тој ќе биде дотиран со 8.103 евра или 500.000 денари.

Поддржани се пет краткометражни документарни филмови со македонски мнозински удел. Најмногу пари, 29.000 евра или 1.800.000 денари. доби проектот „Ангелите на Нибро“ на режисерот Агим Абдула, а најмалку, 11.000 евра или 700.000 денари, доби филмот „Балкански Роми“ на режисерот Зоран Димов.

Поддржани се и два краткометражни анимирани остварувања со македонски мнозински удел. „Учителот“ на режисерот Арбен Тачи ќе биде дотиран со над 35.000 евра или 2.200.000 денари, а по него е „Господе, таму ли си “ на Никола Радуловиќ со 27.500 евра или 1.700.000 денари.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе