Вести Култура

Светска премиера на филмот „Мајка“ на Венецискиот филмски фестивал

Сето она за што се залагаше Мајка Тереза и прашањата кои ги загатнуваше се прашања кои се актуелни и денес во светот во кој живееме. Таа е исклучително современ карактер, вели во телефонски разговор за Телма режисерката Теона Стругар Митевска која ги сподели своите првични впечатоци по неколкуте прес конференции и средби со новинари на Венецискиот филмски фестивал.

Среќна сум што после толку години успеав да го направам својот прв филм на англиски јазик кој зборува за Мајка Тереза, која доаѓа од Македонија, родена е во Скопје и која говори за нашата мултикултуралност и пред се желбата да се помогне .

Таа може да постои и денеска исто како што постоела и пред сто години. Нејзината храброст да оди онаму каде што многу се плашеле да одат е фантастична. И голем поттик за мене. Во однос на денешницата живееме во момент на војни, на егоизам. Што препорачува Мајка Тереза, вели помагај. Сите сме еднакви и сите имаме право да постоиме на овој свет, вели режисерката Стругар – Митевска.

Во исто време се отвораат и нови аспекти во промислувањето на личноста на Мајка Тереза во време на војни и егоизам, за нејзината духовна енергија што сè уште се чувствува во Калкута и тоа што го остави зад себе.

Во исто време баш неколку новинари ме прашаа во однос на Газа и она што се случува во Палестина денеска. Јас сум сигурна што би направила денес Мајка Тереза. Би отишла и би спасила деца во некоја болница. Да се помага и да престанеме со егоизмот, кој навистина капитализмот ни го има наметнато и кој ние го имаме прифатено. Дајте да се вратиме кон есенцијалните работи, да го најдеме повторно хуманизмот во нас, додава таа.

Според режисерката Стругар – Митевска, која е воедно и косценарист на филмот „Мајка“ заедно со истакнатиот македонски писател Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ филмот поседува слободарска панк – рок енергија и затоа за главната улога била избрана моќната шведска актерска ѕвезда Номи Рапас, додека улогата на отец Фредерик, ја толкува нашиот актер Никола Ристановски.

„Мајка“ ќе го отвори 4.6 издание на „ Браќа Манаки“ во септември, а потоа ќе се прикажува во Скопје.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставни измени и внесување на Бугарите – Радев со порака до „браќата“ од Северна Македонија

Дејан Дејан

„Талир два“ за седиште на ВМРО ДПМНЕ во завршна фаза и во трка со времето- во август застарува

Дејан Дејан

(видео)„Бог, секс и ЕУ овие три работи не можете да ги предвидите“, одговори Еди Рама на прашањето кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе