Вести Свет

Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена, тврди Кремљ

Кремљ денеска повтори дека секоја средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, која ја бараат Киев и Вашингтон, треба да биде „добро подготвена“, сугерирајќи дека засега не е на агендата на Москва.

Шефовите на руската и украинската преговарачка група се во контакт. Секој друг контакт на високо ниво, или на највисоко ниво, треба да биде добро подготвен за да биде плоден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека не е во можност да го објави датумот на идните разговори.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 18 август изјави дека почнал подготовки за средба на рускиот и украинскиот претседател, со согласност на завојуваните страни, но потоа не зборуваше многу за тоа.

Путин и Зеленски „не се сакаат“, рече Трамп во вторникот.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, минатата недела ги поткопа надежите на Трамп, тврдејќи дека Зеленски ја блокира средбата на врвот и рече дека таква средба не е ниту планирана.

Кремљ денеска истакна дека Москва „неповолно“ гледа на разговорите за можно распоредување на европски сили на украинска територија во случај на мировен договор меѓу Русија и Украина, додека Киев бара од своите западни сојузници безбедносни гаранции за да ја одврати Русија од повторен напад.

Не постои европска војска, постојат само армии на одредени земји, од кои повеќето се членки на НАТО, рече Песков.

Москва го смета ширењето на НАТО долж своите граници за една од „основните причини“ за нејзината војна во Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во петокот во Киев ги повика западните сојузници да ѝ дадат на Украина „цврсти безбедносни гаранции“ во случај на мировен договор со Москва.

Според него, се разгледуваат две форми на гаранции – зајакнување на украинската војска или подиректно учество на европските земји и САД во заштитата на Украина. На ова Русија категорично се противи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Ќе биде менаџер на кинески BYD – Сијарто поднесе оставка на пратеничката функција во Унгарија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе