Американскиот министер за финансии, Скот Бесент изјави дека приходите од царините воведени од претседателот Доналд Трамп би можеле да надминат 500 милијарди американски долари на годишно ниво.
„Имавме значителен скок од јули до август и мислам дека ќе видиме уште поголем од август до септември“, рече тој чија првична проценка беа 300 милијарди долари.
„Затоа мислам дека би можеле да бидеме на пат кон многу повеќе од половина билион, можеби еден билион. Оваа администрација, вашата администрација, значително го намали буџетскиот дефицит“, додаде тој.
Канцеларијата за буџет во Конгресот минатата недела процени дека приходите од царините на Трамп би можеле да го намалат федералниот дефицит за четири билиони долари во текот на 10 години.
