Вести Свет

Протест за ослободување на заложниците во Тел Авив

Повеќе илјади Израелци се собраа вечерва на ткн „плоштад на заложниците“ во Тел Авив, протестирајќи против владата на Премиерот Нетанјаху од кого бараат запирање на војната  и итно постигнување договор за ослободување на сите заложници кои сѐ уште се наоѓаат во Газа.

Протестот во центарот на најголемиот израелски град беше организиран од семејствата и најблиските на луѓето кои беа киднапирани од Хамас во нападите од 7-ми Октомври 2023-тата година.

Овие напади ултра-десничарската влада на Израел ги искористи како повод за страотната и разорна воена офанзива во појасот Газа, во рамките на која досега се убиени над 62 000 Палестинци.

Истовремено, Израел спроведе и целосна блокада на Газа, заради која во оваа палестинска територија се шири и масовна глад, која според Обединетите Нации, веќе достигнала катастрофално ниво.

Но, и покрај протестите и ужасната хуманитарна состојба, Израел продолжува со планот за целосна окупација на градот Газа.

„Мислам дека нема ништо позначајно од завршување на оваа бесмислена, бескрајна војна и враќање на заложниците. Има договор на маса и посакувам владата да го разгледа и одлучи да ги врати дома заложниците“ – изјави демонстрантот, Гил Јасур.

„Нашата влада ќе направи сѐ за да избегне договор. Прво, сакаа само половина договор, потоа сакаат цел договор, сега сакаат да нема никаков договор. Договорот значи крај на војната. Кога војната ќе заврши, тоа значи дека веќе нема да бидат на власт. Нивната цел е оваа војна да не заврши. Сакаат војната вечно да трае“ – рече Ерез Герон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Ќе биде менаџер на кинески BYD – Сијарто поднесе оставка на пратеничката функција во Унгарија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе