Украина денеска го одбележува Денот на независноста, прогласена по распадот на поранешниот Советски сојуз во 1991 година. И овој национален празник, Украинците го дочекаа во услови на војна.
Претседателот Володимир Зеленски во честитката ја потенцираше решителноста на нацијата и на своите сонародници им порача дека се гради Украина која ќе има доволно сила и моќ да живее во безбедност и мир.
Ден претходно, кажа дека нема да прави територијални отстапки за мировен договор со Русија, за завршување на војната.
