Случаите на коронавирусот во светот продолжуваат да се зголемуваат со загрижувачко темпо. За една недела бројот на нови случаи е речиси двојно зголемен бројот на глобално ниво во последните два месеца. Светот се приближува до највисоката стапка во досегашниот тек на пандемијата, изјави денеска во женева генералниот директор на СЗО.
Во целиот свет, случаите и смртните случаи продолжуваат да се зголемуваат со загрижувачки раст. На глобално ниво, бројот на нови случаи неделно е скоро двојно зголемен во последните два месеци. Ова се приближува до највисоката стапка на инфекција што ја видовме досега во текот на пандемијата – Д-р Тедрос Аданом Гебреизус, генерален директор на СЗО.
Европа има повеќе од 1 милион смртни случаи од КОВИД-19 и ситуацијата останува „сериозна“, со околу 1,6 милиони нови случаи секоја недела пријавени во регионот.
Минатата недела надминавме еден милион потврдени смртни случаи од КОВИД-19 во европскиот регион. Ситуацијата во нашиот регион е сериозна: секоја недела се пријавуваат 1,6 милиони нови случаи. Тоа се девет илјади и петстотини на секој час, 160 луѓе секоја минута – Д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се вакцинираше против коронавирусот со Фајзер. Таа рече дека „колку побрзо се вакцинираме, толку побрзо ќе ја ставиме пандемијата под контрола“. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја прими вакцината на Астра Зенека против коронавирусот, со цел да се зголеми довербата во вакцината на оксфорд низ цела Европска унија. Таа е над 60 години и спаѓа во групата на оние кои ги исполнуваат условите за имунизација со таа вакцина.
Засега, ризикот од страдање на згрутчување на крвта е многу поголем кај некој со КОВИД-19 отколку кај некој што ја примил вакцината АстраЗенека. Нека нема сомневање за ова: вакцината АстраЗенека е ефикасна во намалувањето на хоспитализацијата во КОВИД-19 и го намалува бројот на починати – Д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО Европа.
До денес, COVAX испрати околу 40 милиони вакцини во повеќе од 100 земји, или доволно за да заштити околу 0,25% од светската популација.
Инаку досега во светот над три милиони луѓе починале од последици од ковид-19.
Билјана Ставрова