Вести Економија Топ вести

Алта банка од Белград со намера за преземање на Стопанска банка Битола

Српската „Алта банка“ чека зелено светло за да даде понуда за преземање до 100 проценти од обичните акции на „Стопанска банка Битола“. Компанијата соопшти дека понудата за преземање ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција.

„Во добиеното известување стои дека согласно член 26-а од Законот за преземање на акционерски друштва, покрај согласностите од домашните тела и институции вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, понудата е условена и со претходно одобрување на концентрација од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија (Странско одобрение). Доколку странското одобрение не биде добиено, намерата ќе се смета за повлечена и нема да биде дадена понуда за преземање“, се наведува меѓудругото во соопштението на Македонска берза.

„Алта банка“ заедно со поврзаните лица веќе поседува 19.439 обични акции или 4,97 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од „Стопанска Банка Битола“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе