Вести Најважни Свет

Уапсен Украинец во Италија за експлозиите на „Северен тек“

Италијанската полиција уапси Украинец, осомничен за координација на нападот врз гасоводот „Северен тек“ во септември во 2022 година, изјави денеска главниот обвинител на Германија, додавајќи дека по екстрадицијата ќе биде изведен пред германски суд.

Осомничениот, идентификуван како Серхиј К. според германските закони за приватност, бил дел од група на луѓе кои ги поставиле експлозивните направи на гасоводот во близина на данскиот остров Борнхолм во септември во 2022 година, се наведува во соопштението на германското обвинителство.

Тој и неговите соучесници, се додава во соопштението, тргнале од Рошток, град на североисточниот брег на Германија, со едрилица за да го извршат нападот, а пловниот објект бил изнајмен од германска фирма со помош на фалсификувани идентификациски документи и преку посредник.

Карабинерите, кои постапувале по европски налог, го уапсиле синоќа во покраината Римини, на италинскиот брег на Јадранот, додаваат од германското обвинителство. Тој се соочува со обвинувања за предизвикување на експлозија, противуставна саботажа и уништување.

И Русија и Западот ги сметаа експлозиите на „Северен тек“ како чин на саботажа. Досега никој не презеде одговорност за тешко оштетениот гасовод преку кој се дистрибуираше гас од Русија во Европа, што означи голема ескалација на војната во Украина и ја засили кризата со снабдување со енергија на континентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Почина актерот Сем Нил, звезда на филмот „Јура парк“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе