Вести Македонија

До Приштина за еден час, но кога?

До Приштина за еден час, но кога? Надлежните кои денеска извршија увид во градежните работи на првата делница од патот од граничниот премин Блаце кон Скопје не наведоа кога автопатот ќе биде завршен ниту пак ги повторија првичните најави каде рокот беше 2023 година за двете делници од граничниот премин до селото Блаце и од селото Блаце до Стенковец.

Според директорот на ЈП „Државни патишта“ кои ја финансираат првата делница од два километри која чини 14,2 милиони евра со подобрувањето на временските услови ќе се забрза работата. За десетте километри до клучкаата кај Стенковец проектот ќе биде готов во септември а изградбата ќе ја финансира ЕБОР.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја истакна економската важност и вредност на овој автопат. Тој најави дека ќе се прави притисок на сите инволвирани во изградбата за да не се наруши процесот на работа.

Министрите најавија дека очекуваат Коридорот 8 до крајот на мандатот на оваа Влада да биде готов.

А во меѓувреме повторно „оживеа“ и 30 години ветуваниот проект пругата кон Бугарија кој речиси секој нов министер за траснпорт и врски и директор во Железници го најавува. Овој пат ветувањето е дека пругата ќе биде готова до 2027 година.

За да се изгради пругата до Бугарија потребни се околу 700 милиони евра, без непредвидените работи што би се случувале во тек на градба адосега се обезбедни 200 милиони евра од грантови од Европските фондови додека останатите речиси 500 милиони евра ќе се обезбедуваат преку кредити. Германската фирма која беше ангажирана за изградбата на една од секциите, лани се откажа од работата и си замина од Македонија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе