Вести Најважни Свет

Рим, Женева, Будимпешта, Хелсинки… – можни градови домаќини за средба Трамп – Путин – Зеленски

Европските дипломати добиле инструкции од нивните американски колеги да бидат во готовност за евентуална трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин, која би можела да се одржи подоцна оваа недела, во зависност од исходот од денешните преговори, дознава „Скај њуз“.

Според договорот на американските и европските сојузници, средбата треба да се одржи на европско тло, освен ако не дојде до ненадејни промени во последен момент.

За време на видеоповикот на „Коалицијата на подготвените“, одржан вчера, италијанската премиерка Џорџа Мелони го предложи Рим како локација за средбата, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја предложи Женева.

Според неофицијални информации, украинскиот претседател Зеленски и Доналд Трамп го претпочитаат Рим, а особено Ватикан, додека рускиот претседател Путин се наклонува кон Женева.

Министерствата за надворешни работи на Италија и Швајцарија ја потврдија својата подготвеност за организирање разговори. Во меѓувреме, дипломатите на Европската Унија разгледуваат и алтернативни локации, меѓу кои се споменуваат Будимпешта и Хелсинки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Возел 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар на место на кое е дозволено 80 – возачот приведен, возилото одземено

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе