Ковид19 Свет

Србија почна со производство на руската вакцина Спутник В

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) на својата веб-страница објави дека Институтот Торлак почнал со производство на руската вакцина Спутник В во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Според рускиот фонд, Србија со ова стана првата земја во јужна Европа што произведува Спутник В.

Производството на Спутник В во Србија ги исполнува најдобрите стандарди во производството на вакцини, се наведува на веб-страницата на РДИФ, во која се додава да вакцината подоцна би можело да се извезува во други земји во регионот.

Вакцинацијата против коронавирус со руската вакцина во Србија почна на 6 јануари 2021 година, потсетува рускиот фонд.

Спутник В до денеска е регистрирана во 60 земји во светот со вкупно население од три милијарди луѓе, соопшти фондот, додавајќи дека ефикасноста на Спутник Ве изнесува 91,6%, „како што беше потврдено од податоците објавени во Лансет, една од најстарите и најценетите медицински списанија во светот“.

Српскиот министер Ненад Поповиќ, на својот Твитер профил објави дека денес е извршено првото полнење на вакцината Спутник В во Торлак.

Во рамките на договорот постигнат меѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Институтот Торлак во Србија, производството на вакцината Спутник Ве успешно започна за краток временски период. Србија е првата европска земја што започна со производство на руска вакцина. Од почетокот на годината Спутник Ве активно се користи при вакцинирање на населението, а обемот на вакцинација може значително да се зголеми благодарение на почетокот на локалното производство, изјави директорот на рускиот фонд Кирил Дмитријев, се наведува на веб-страницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе