Вести Економија Топ вести

Мицкоски: Не можеме да ги ограничиме цените во рестораните и кафулирања, ќе растат сè додека има кој да плаќа

Со нови уверувања дека ќе се скроти инфлацијата, повторно излезе и денеска премиерот Мицкоски. Како и претходно, повтори дека скапите услуги ја билдаат и дека во тој дел државата не може многу да интервенира. Па, останува нејасно како ќе се делува и кога ќе се случи тоа. Но, вети и дека нема да се дозволи дивеење на одредени ланци маркети.

„Ќе интервенираме во рамките на можностите. Не можеме да ги ограничиме рестораните, кафулињата и така натаму или транспортните компании која е цената која тие ќе ја понудат за некоја услуга и сè додека може таа услуга некој да ја плати, тие таа услуга ќе ја качуваат и тука ќе имаме мерки и во делот на примањата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Дека цените на храната не се причина за раст на инфлацијата и дека удел во забрзаниот скок имаат примањата, констатираат и дел од експертите. Мицкоски, пак, најави дека од сега растот на платите ќе биде поврзат со продуктивноста.

„Што се однесува на примањата, размислувањето и резонирањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста. Поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи, да тоа може да има политички последици. Ќе има и некој кој што ќе бидат незадоволни и подобро еве да ги имаме тие политички последици сега, отколку граѓаните на долг рок да чувствуваат неконтролирана инфлација“, додава Мицкоски.

Последно статистика измери инфлација од 4,8 отсто во јули годинава во споредба со јули лани. Според бројките, за една година најмногу поскапела храната, но се зголемиле и цените на здравствените услуги, транспортот, културата, рекреацијата.

Претходно од владата неколку пати најавија дека мерки ќе има многу скоро. Па, последно се чекаше да се види податокот за инфлацијата за јули за се одлучи како и со што да се интервенира.

Иако за Владата и дел од познавачите, ограничените цени и маржи не се популарни мерки, дел од економистите сметаат дека ограничени цени треба да има, но не на еден месец, туку цела година за да се видат ефектите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе