Вести Најважни Свет

Средба Трамп – Путин во Алјаска – иднината на Украина во фокусот на разговорите

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска се среќаваат во воздухопловна база од времето на Студената војна во Алјаска, на разговори што може да ја одредат иднината на војната во Украина.

Средбата е прва откако Трамп се врати во Белата куќа и предизвикува загриженост кај Киев и европските сојузници, кои стравуваат од можни територијални отстапки како дел од потенцијален мировен договор.

Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски не е поканет на оваа рунда разговори, Трамп изјави дека, ако средбата со Путин биде успешна, планира тристран самит во кој би бил вклучен и Киев.

Тој претходно тврдеше дека може да стави крај на конфликтот во рок од 24 часа, но пред самитот призна дека ситуацијата е посложена од очекуваното.

Трамп сака преку оваа иницијатива да се прикаже како глобален миротворец и да ги зацврсти своите амбиции за Нобелова награда за мир.

Украина и нејзините западни партнери добија извесна сигурност по телефонскиот повик со Трамп, кој, според нив, изразил согласност дека Киев мора да биде вклучен во сите преговори за територијални прашања.

Зеленски изјави дека Трамп ја поддржал идејата за безбедносни гаранции во евентуален повоен договор, иако американскиот претседател тоа не го потврдил јавно.

Путин, од своја страна, настојува да обезбеди олеснување на санкциите што ја притискаат руската економија и ден пред самитот понуди нов договор за контрола на нуклеарното оружје.

Извори блиски до Кремљ тврдат дека двете страни веќе нашле основа за потенцијален договор, а и двајцата лидери јавно изразија умерен оптимизам пред средбата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Распишана меѓународна потерница по Александар Лазаров, кој избега преку прозорец од кочанската Полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе