Вести Економија Топ вести

Нелојалната конкуренција прави притисок врз цените на становите

Според анализите на даночните пријави и биланси, утврдените неправилности од претходни даночни контроли, но и според информациите од други институции и од јавни извори – за непријавени вработени, земени кредити и за движењето на цените и побарувачката на станови, УЈП го идентификува градежништвото како високоризичен сектор од аспект на даночна дисциплина.

На повеќе од 300 компании во чии даночни пријави нешто „не штимало“, УЈП им пратило известувања да си ги коригираат неправилностите. Кај оние кај коишто сомнежите ќе останат, инспекторите ќе извршат директни контроли на деловните книги и ќе следуваат евентуални казни. Целта не се казни, туку да има точно плаќање на даноци, вели таа.

„Сите овие информации коишто ги собравме укажуваат дека во овој сектор постојат ризици коишто може да доведат до неточно плаќање на даноците, особено преку непријавување и нецелосно пријавување на приходите од продажбата – на пример, поради продажба на становите со плаќање во кеш, неточно или нереално искажување на продажните цени во склучените договори, можноста за злоупотреба на законското ослободување од ДДВ доколку првиот промет на станот се изврши после истекот на 5 години од изградбата итн“, вели директорката на УЈП Елена Петрова.

Градежниците ја идентификуваат сивата економија како една од причините за растот на цената на становите. Ако некоја фирма не плаќа данок, може да си дозволи да плати повеќе пари за купување плацови, а ќарот е затаениот данок. Тоа, пак, ја крева цената на парцелите и за оние што ги плаќаат даноците, па тие ја зголемуваат цената на становите. Ивица Јакимовски од Градежната комора вели дека во центарот на Скопје, цената на парцелата веќе влегува со 40-45 отсто во градежната цена.

Според него, има низа фактори кои доведоа до поскапување на становите – повисоки плати, поскап материјал и недоволно локации за градење, со кои ќе се зголеми понудата и ќе се намали цената. Градот треба да се шири и да почне да се гради на нови локации. Повикува на засилена борба против сивата економија.

Гувернерот Трајко Славески минатиот месец рече дека половина од становите се купуваат на кредит, а половина во кеш, и тука можеби треба да се бара причината за големиот раст на цените.

„Постои голем процент на дивоградби. Ако имаш одреден дел од државата каде што има дивоградби, логично е дека таму не може да постои банка. Банка исклучиво исплаќа кредит таму каде што има целосна проектна документација, со одобрение и со сите потребни документи коишто се основ за да се склучи договор за купопродажба и понатаму да се склучи договор за хипотека. Така што, процентот, во регулираниот дел во којшто работиме е 80-20. Значи, 80 проценти се кредити преку банка, а 20 отсто се од сопствени средства“, вели Јакимовски.

Според податоците на Народната банка од вториот квартал, цените на становите во изминатите 12 месеци се зголемени за дури 22,3 проценти. Во споредба со 2021 година, за четири години, квадратот поскапел за дури 75 проценти.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе