Останато Спорт

Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап во Будимпешта (ВИДЕО)

Арманд Дуплантис по 13-ти пат во кариерата го сруши светскиот рекорд во скок со стап. Швеѓанецот денеска постави нов рекорд на митингот во Будимпешта.

Дуплантис го подобри својот светски рекорд за еден сантиметар, односно прескокна шест метри и 29 сантиметри со што заработи и бонус од 100.000 долари. За него ова е трет светски рекорд во 2025 година, а вкупно 13-ти во кариерата.


Пред појавувањето на Дуплантис на светската сцена светскиот рекорд беше 6 метри и 16 сантиметри поставен од Французинот Рено Лавилени.

Светскиот рекорд најмногу пати го рушеше легендарниот Украинец Сергеј Бубка дури 14  и тоа од 1984 до 1994 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе