Kако план за етничко чистење ја смета најавата на Израел за окупација на Газа, Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, поради што повикува Владата на премиерот Андреј Пленковиќ и земјите-членки на Европската унија итно да дејствуваат и да ја признаат Палестина.
Уште еднаш, тој ја повика владата на премиерот Пленковиќ да ја започне постапката за признавање на Палестина, а Европската унија да заземе став за суспендирање и забрана на секаков облик на воена соработка со израелскиот режим.
„Хрватска мора да има став, а не само да ги следи упатствата на Брисел“, рече Милановиќ

Австралискиот премиерот Ентони Албанезе изјави дека Австралија ќе признае палестинска држава, придружувајќи им се на лидерите на Франција, Велика Британија и Канада во сигнализирањето дека ќе го сторат тоа. Неговите забелешки дојдоа по неколку недели инсистирање од неговиот кабинет и од многумина во Австралија да се признае палестинска држава и за време на растечките критики… Продолжи со читање












