Директорката на ковид болницата во Батајница, во Белград, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, изјави дека има индикации дека бразилскиот сој на коронавирусот се појавил во Србија и дека британскиот вид е сè уште најприсутен меѓу пациентите. Taa предупреди дека секој нов сој од вирусот е полош и кога станува збор за преносливоста и кога станува збор за смртноста и апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
Има многу млади луѓе кои се поврзани со уреди за вештачко дишење, а најчесто се заразени со британскиот сој на коронавирусот. Но, постојат индикации дека и бразилскиот сој на коронавирусот е присутен во Србија, истакна Вукиечвиќ.