Глобалните цени на храната во јули достигнаа највисоко ниво од април 2023 година, покажуваат податоците на ФАО.
Индексот на цените на основните прехранбени производи изнесува 130,1 поен, што претставува зголемување од 1,6% во однос на јуни и 7,6% во споредба со јули 2024 година.
Главни виновници за растот се цените на месото и растителните масла.
Месото достигна рекордно ниво откако ФАО води статистика, со скок од 1,2%. Најмногу пораснаа цените на говедското и овчо месо, поддржани од силната побарувачка од Кина и САД.
Исто така, цените на растителните масла се зголемија за 7,1%, особено палминото, соиното и сончогледовото масло.
Од друга страна, цените на житарките и оризот забележаа пад, благодарение на добрата жетва и стабилната понуда.
Намалување има и кај цените на шеќерот, млекото и млечните производи, со исклучок на сирењето, чии цени продолжија да растат поради зголемена побарувачка и ограничена понуда.
