Вести Свет

Пружила помош на над 4.000 пациенти – уапсена лажна медицинска сестра во САД

Дваесет и деветгодишна жена, која е осомничена дека лажно се претставувала како квалификувана медицинска сестра, е уапсена во САД. Полицијата отвори истрага, откако болницата го раскина договорот со Оутм Бардиз поради сомнежи во нејзините квалификации. Досега е откриено дека 29-годишната Бардиз пружила медицински услуги на 4.486 пациенти од јуни во 2024 година до јануари оваа година.

„Ова е еден од највознемирувачките случаи на медицинска измама што некогаш сме го истражувале“, изјави Рик Стели, шериф нја округот Флаглер.

Бардис рабтела во болницата АдвентХелт Палм Кост Парквеј во градотѕ Палм Кост на Флорида од јули во 2023 година до јануари во 2025 година. Обвинета е дека доставила лажни документи и оти дала број на лиценца што ѝ припаѓа на медицинска сестра со истото име, исто така, вработена во рамки на медицинскиот систем АдвентХелт, но во друга болница.

Бардис тврдела дека неодамна се омажила и го сменила презимето, инфомираат од канцеларијата на шерифот. Од неа било побарано да достави венчаница, што не го сторила. Ја пријавил колега, кога сфатил дека нејзината лиценца е истечена. Болницата го раскинала договорот и почнала седумесечна истрага. Бардис е уапсена во основа на обвинение за занимавање со здравствена заштита без лиценца и за измама со користење на лични идентификациски податоци. Уапсена е на 5 август, во медицинска унирофма, пред нејзината куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе