Вести Свет

При експлозија на плинска боца во апартман во Аспровалта повредени пет српски туристи

Пет српски туристи се повредени во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, Грција, во близина на Солун.

Инцидентот се случил попладнево околу 15:00 часот, а според грчките медиуми, еден 41-годишен маж се здобил со потешки изгореници и бил пренесен во болница во Солун.

Останатите туристи имале полесни повреди предизвикани од скршено стакло.

На местото на несреќата брзо интервенирала волонтерската спасувачка служба од Аспровалта, која им пружила прва помош, по што повредените биле хоспитализирани.

Според лекар од болницата „Неа Матидос“, сите се во стабилна состојба и се пуштени на домашно лекување.

Полицијата ја уапси 86-годишната сопственичка на објектот каде се случила експлозијата, додека се спроведува истрага за утврдување на точната причина за несреќата.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе