Долг е патот на опоравување од ковид 19. Многумина, со месеци, не се поштедени од постковид симптомите, наречени ПАСК, иако ја надминале инфекцијата. Но, светлото во тунелот можеби се гледа со вакцините. Истражувањето на американското здружение „Срвајвор Корпс“, каде членуваат луѓето кои се избориле со болеста, вели дека една доза од вакцината помага пост-ковид синдромот да исчезне. За докторите, ова е големо олеснување, но потребни се повеќе истражувања.
Мислам дека ова е многу добра вест. Пациентите безбедно да ја примат вакцината по ковид синдромот, и тоа им помага. Но, она што сакам да го истакнам, е што се уште не знаеме дали вакцината предизвикува да се подобрат синдромите или пак е времето, или други интервенции или пак е плацебо ефект. Тоа ќе мораме да го испитаме преку контролирани истражувања, каде на една група ќе и дадеме вакцина, а на друга плацебо. Само така ќе знаеме со сигурно дали има разлика, смета д-р Тод Елерин
Речиси 30 % од излечените развиваат постоковид симптоми, најмногу вртоглавица, краток здив, замагленост во главата, несоница, треска, проблеми со желудникот, тахикардија, болка во гради, болка во препони, анксионзност и депресија. Најмногу ги пријавиле жените под 50 годишна возраст.
Но, истражувањето на американското здржение вели дека од 450 луѓе кои ја примиле вакцината, 171 од нив следниот ден се чувствувале многу подобро.
Сега можам полесно да дишам, можам да се качам по скалите, а да не чувствувам дека ќе умрам, вели Аманда Флин, поранешен пациент од ковид.
За научниците ова е мистерија на која работат, но медицинската историја вели дека не е првпат лек наменет за една болест да излечи друга.
Алиса Шутиноска