Ковид19 Свет Топ вести

Претставник на ЕМА ја потврди поврзаноста на АстраЗенека и појавата на тромбови

Претставникот на Европската агенција за лекови (ЕМА) Марко Кавалери потврди дека постои „врска“ меѓу Астразенека и случаите на тромбоза после примање на таа вакцина против коронавирусот. Македонските здравствени власти потенцираат дека е потребно да се почека на официјалните препораки од ЕМА врз основа на што ќе се прецизира начинот на употреба на оваа вакцина и во нашата земја. Министерот Филипче како пример ја посочи Германија каде на вакцинираните со АстраЗенека им е дозволено да се ревакцинираат со друга вакцина.

Претставник на ЕМА Кавалери за италијанскиот весник „Месаџеро“, вели дека сега потребно да се открие како доаѓа згрутчувањето на крв.

„Сега може јасно да се каже дека постои поврзаност со вакцината, што ја предизвикува оваа реакција, меѓутоа се уште не знаеме… Да резимираме во наредните неколку часа ќе кажиме дека постои врска, но се уште мораме да пронајдеме како доаѓа до тоа“, изјави Марко Кавалери.

Тој објаснува дека се прават обиди „да се добие прецизна слика за тоа што се случува, за прецизно да се дефинира тој синдром поради вакцината“. Меѓу вакцинираните луѓе има поголем број на случаи на церебрална тромбоза кај помладите од очекуваното. Тоа ќе мораме да го кажеме, додаде Кавалери.

Употребата на вакцината на Астра Зенека во Велика Британија потенцијално може да биде запрена за помлади луѓе, пишува британскиот портал Метро. Но за какво било регулаторно дејствие се уште не е донесена никаква одлука. Британскиот премиер Борис Џонсон, кој денеска посети еден од погоните за производство на АстраЗенека, рече дека луѓето треба да продолжат да се вакцинираат со оваа вакцина.

Мислам дека е важно ние да го преземем секој чекор на патот кон имунизација, да создадеме имунитет, да изградиме природен отпор со вакцинирање на нашата популација онака како што го правиме и да ги гледаме податоците во интервали – Борис Џонсон, премиер на В. Британија.

Последните недели се појави сомнежи за можни сериозни несакани ефекти, но во ретки случаи, откако се појавија случаи на атипична тромбоза кај луѓе вакцинирани со Астразенека. ЕМА до сега тврдеше дека „нема докази за никаква поврзаност со вакцината„, иако е „можна“, како и дека користа од вакцинација против коронавирусот е поголема од ризокот. Повеќе земји поради тоа ја запреа вакцинацијата со Астразенека, додека произведувачот на вакцината во март соопшти дека „нема докази за зголемен ризик“.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе