Свет Топ вести

Одзивот на парламентарните избори во Бугарија до 17 часот е 39,99 проценти

Централната изборна комисија во Бугарија исто така соопшти дека до 17 часот активноста е 39,99 отсто, што е за 2,5 помалку од 2017 година. Постои тенденција постарите лица да излегуваат надвор рано наутро, додека младите попладне и навечер. Исто така, во помалите населени места во Бугарија, луѓето излегуваат да гласаат наутро и претпладне.

Во текот на целиот ден, социолозите во Бугарија го следат движењето на гласањето и распределбата на силите за идните мандати во новото 45-то Национално собрание.

Според социологот Светлин Тачев, во споредба со последните парламентарни избори во Бугарија во март 2017 година, излезноста денеска е помала за околу 4 отсто, а тогаш била 42 проценти. Според социологот, излезноста на овие избори е помала поради состојбата со Ковид-19, но според него сè уште е позитивен знак дека бугарските граѓани изразуваат желба да излезат и да го искористат своето право на глас.

На парламентарните избори во Бугарија, Централната изборна комисија (ЦИК) го прекина гласањето во Велико Трново поради проблеми со софтверот во машините за гласање. Проблеми имаше и во Добрич.

Од вкупно 9.400 гласачки машини во Бугарија, 400 не се во употреба, а ЦИК донесе одлука да не ги поправа и да се гласа со хартиени листови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе