Фармацевтските компании треба да произведат доволно вакцини против Ковид-19 за сите луѓе во светот или доброволно да ја споделат технологијата со земјите во развој, изјави за Би-Би-Си новиот шеф на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала.
Таа посочи на примерот со договорот на „Астра Зенека“ за трансфер на технологија на производител на вакцини во Индија. „Ваквото доброволно предавање на лиценца … може да спаси многу повеќе луѓе“, вели таа во разговорот за Би-Би-Си.
Земјите во развој имаат неискористен капацитет, потребен ни е договор како што „АстраЗенека“ го склучи со Индискиот серумски институт, рече шефицата на СТО.
Таа вели дека членовите на СТО се поделени околу предлогот за суспендирање на регулативите за интелектуална сопственост за повеќе компании да можат да произведуваат вакцини.