Вести Свет Топ вести

Бугарија доби зелено светло за еврото

Од први јануари 2026 година Бугарија ќе го користи еврото за своја валута и со тоа официјално го потврди влезот во еврозоната.

Лидерите, собрани на самитот на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската комисија да ѝ се дозволи на Бугарија да стане 21-ва членка на еврозоната.

Оваа балканска земја е членка на Европската Унија од 2007 година и е првата земја што ќе го усвои еврото откако Хрватска почна да ја користи заедничката валута во 2023 година.

Сепак, претходно треба да бидат консултирани Европскиот парламент и Европската централна банка  за потребните законски измени пред Бугарите да можат да плаќаат во евра.

Но, тие чекори се сметаат за формалност.

Бугарија, како една од најсиромашните земји на ЕУ, сè уште е на дното од групата од 27-членки во однос на бруто домашниот производ по глава на жител, иако стапките на раст се повисоки од другите земји. Критериумите за пристапување во еврозоната, покрај релативно ниските и стабилни стапки на инфлација, вклучуваат и стабилност на цените, здрави јавни финасии и стабилни девизни курсеви.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе