Американски авиони ги бомбардираа трите најважни ирански нуклеарни инсталации Фордо, Натанз и Исфахан.
Информацијата со соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиско обраќање до нацијата, нарекувајќи ја операцијата „спектакуларно успешна“ и го предупреди Техеран дека секој нивен одговор ќе биде пречекан со уште посериозни воздушни напади.
Нашата цел беше уништување на иранските капацитети за збогатување ураниум и да ја запреме нуклеарната закана од примарната држава спонзор на тероризам во светот. Вечерва можам да му соопштам на светот дека нападите беа спектакуларен воен успех, иранските нуклеарни капацитети беа комплетно и сосема збришени. Иран, „силеџијата“ на Блискиот Исток сега мора да се согласи на мир. Во спротивно, нападите во иднина ќе бидат далеку поголеми, и многу полесни, изјави Трамп.
Како што се очекуваше, во нападот биле употребени стратешките американски бомбардери Б-2 и фамозните ГБУ – 57 бомби, способни да пробијат длабоко под земја.

Пред само два дена американскиот претседател даде рок од две недели Техеран да се откаже од својата нуклеарна програма, но тој рок траеше нешто повеќе од 48 часа. Нејасно е дали Трамп се предомисли во текот на тие два дена. Дали планот од самиот почеток бил да се дадат изјави кои ќе ги заведат Иранците… Продолжи со читање












