Поради многу „важни обврски“ Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се врати во Вашингтон од самитот на Групата седум во Канада, , изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Соопштението дојде набргу откако Трамп на социјалните мрежи ги повика жителите на Техеран веднаш да го напуштат градот.
„Иран требаше да го потпише „договорот“. Им реков да потпишат каков срам и губење на човечкиот живот. Едноставно кажано, Иран НЕ МОЖЕ ДА ИМА НУЦЕАРНО ОРУЖЈЕ, го кажав тоа одново и одново. „Сите веднаш треба да го евакуираат Техеран!“
Израелската војска претходно издаде известување во кое ги повика жителите на една област на Техеран да се евакуираат. Овие предупредувања доаѓаат откако Израел ги засилува нападите во Иран, за кои вели дека имаат за цел да ги уништат нуклеарните капацитети на земјата.