Промо тв Серии

ВОЕН ДРОН (Vigil – S2)

Наспроти првата сезона што се одвиваше на подморница, втората е форсирана во „отворениот воздух“ – помеѓу воени бази во Шкотска и Блискиот исток, со засилен фокус на актуелни тематики: автономни оружја, државна манипулација и меѓународна политика.

По трагична демонстрација на дронови на воена вежба во Шкотска каде загинаа седуммина војници и цивили, на ДСИ Ејми Силва и нејзината партнерка, ДС Кристен Лонгрејер, им е доверена истрага. Оригинално испратени да испитуваат дали се виновни технички дефекти, тие откриваат  мрачeн заговор: демонстрацијата била наместена, а дроновите пренасочени да инсценираат лажен напад со цел да се оправда интервенција на Обединетото Кралство во земја од Персискиот залив.

Ејми патува во заедничката база Ал-Шавка во Вудијан, каде истрагата кулминира со разоткривање на заверениците – елита во британските воздушни сили и нивни соработници од одбранбената индустрија. Откриваат дека сѐ е стратешки скроено: кражба на конзола за дрон, ликвидација на сведоци (вклучувајќи го и Вез Харпер), и обид да се инкриминираат политички дисиденти од Вудијан.

Сезоната го следи стилот на BBC-драми, комбинирајќи интензивен трилер, криминална драма и политички подтекст, додека ја истражува етиката зад модерното воено оружје и причините за воените интервенции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТАJНИ АГЕНТИ – од понеделник до петок во 23:45

Дејан Дејан

НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАБЕЖИ ВО ИСТОРИЈАТА со Пирс Броснан – недела, 20:15

Дејан Дејан

ЗАЛИВОТ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе