Европската комисија утре ќе го објави Извештајот за конвергенција, во кој ќе оцени дали Бугарија ги исполнува условите за приклучување кон Еврозоната од 1 јануари 2026 година.
Паралелно, свое мислење ќе даде и Европската централна банка, но одлучувачка ќе биде проценката на Комисијата.
И покрај уверувањата на бугарскиот премиер Жељазков дека Бугарија е подготвена, анкетите покажуваат дека над 57% од граѓаните се против замената на левот со еврото.
Противниците стравуваат од пораст на цените и губење на монетарниот суверенитет.
Претседателот Радев дури најави можност за референдум, иако тоа засега нема поддршка во парламентот.
Бугарија се приклучи на ЕРМ 2 во 2020 година, а првата цел за влез во Еврозоната беше 2024 година, која не се реализира поради инфлација и политичка нестабилност. Ако добие зелено светло, Бугарија ќе стане 21-ва земја членка на Еврозоната.